Connect with us

Фудбал

Мендеш завршува луд трансфер, од Реал Мадрид во Барселона?!

Барселона будно ја следи ситуацијата околу Марко Асенсио кому му истекува договорот со Реал Мадрид.

Оваа вест ја објави каталонскиот Мундо Депортиво, па информацијата треба да се земе со резерва.

Сепак, постојат неколку работи кои го прават овој исход не толку нереален. Првото е сигурно – Жорж Мендеш.

Познатиот супер агент не е во добри односи со Флорентино Перез, но е со Жоан Лапорта. Лапорта и Мендеш се обидоа на сите начини да го доведат Бернардо Силва на Камп Ноу летово, но не успеаја.

Со Асенсио ситуацијата е поинаква, бидејќи тој е во последната година од договорот и од 1 јануари, според правилото на Босман, има право да потпише преддоговор со следниот клуб.

Во тој случај, Асенсио следното лето би заминал без обештетување, што може дополнително да ја привлече Барселона, а покрај тоа што ќе „украде“ играч од директен ривал.

Проблемот е што крилните позиции во тимот на Чави се пополнети, но исто така не треба да заборавиме дека Мемфис Депај ќе го напушти клубот бидејќи и неговиот договор истекува.

Исто така, не е тајна дека Барселона го посакуваше Асенсио во летото 2015 година кога тој од Мајорка се пресели во Реал.