Connect with us

Фудбал

Мертезакер: Санчез и Озил се мозокот на Арсенал

Капитенот на Арсенал, Пер Мертезакер, изјави дека ѕвездите на клубот, Алексис Санчез и Месут Озил се „мозокот“ на тимот.

Англиските медиуми во последно време шпекулираат дека Санчез и Озил на крајот на сезоната, а можеби и уште во јануари, ќе ја променат средината, но Мертезакер не се согласува со тоа.

– Тие се целосно посветени на својата работа. Без разлика на името, мора да се докажувате секој ден. Иако се надвор од посакуваната форма двајцата, верувам дека брзо ќе се вратат во поскуваниот ритам, изјави Мертезакер.

Арсенал утре гостува во Белград кај Црвена ѕвезда во третото коло од Лига Европа на УЕФА.