Connect with us

Други спортови

Мерцедес се придружи на заканата на Ферари за напуштање на Формула 1

Тимот на Мерцедес од Формула 1 навести дека е можно да замине од шампионатот и на тој начин се придружи на заканата од Ферари.

Не наоѓаме никаква визија. Никој не знае каде оди ова патување. Единственото јасно е дека продажбата и профитот се намалија, изјави Тото Волф, претседателот на Мерцедес.

Запрашан дали неговиот тим би се приклучиле кон тивката закана на Ферари, Волф рече:

Веројатноста е голема. Ако не гледаме за што се бори Формула 1, тогаш би си поставиле тешкото прашање – дали не сакаме да работиме на друго место на највисоко ниво?

Мерцедес и Ферари не се задоволни со плановите за поевтинување и стандардизирање на моторите од 2021 година.