Connect with us

Фудбал

Меси: Благодарам на клубот за прекрасното искуство во Париз

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен.

Официјално најдобриот играч на светот со ПСЖ освои две шампионски титули на Франција.

„Навистина уживав играјќи во овој тим, со толку добри играчи. Сакам да му се заблагодарам на клубот за прекрасното искуство во Париз“, изјави Меси.

Се уште не е познато каде Меси ќе ја продолжи кариерата, но како главни фаворити за неговиот потпис се наведени Ал Хилал и Барселона.

Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез минатата недела изјави дека само од Меси зависи дали кариерата ќе ја продолжи во каталонскиот клуб и дека вратата на клубот е секогаш отворена за него.