Connect with us

Фудбал

Меси дал „благослов“, Кутињо, Ракитиќ и Умтити ќе бидат продадени

На излезната врата во Барселона се Кутињо, Ракитиќ и Умтити. Оваа вест ја пласираа шпанските медиуми, кои воедно објавија дека за вакво нешто „благослов“ дал и Лионел Меси, кој и тоа како се прашува за вакви работи во каталонскиот тим.

Парите од продажбата на ова трио ќе биде искористено за нови засилувања. Една од желбите за замена на Умтити е Унаи Нуњез од Атлетик Болбао. Тој има 22 години, игра на позицијата централен дефанзивец, а на Меси наводно му се допаѓал неговиот стил на игра и е убеден дека брзо ќе се вклопи во тимот.

Нуњез е проценет на 15 милиони евра, а неговата откупна клаузула не е позната.

Кутињо е на позајмица во Баерн Минхен и големи се шансите да биде откупен, за Иван Ракитиќ има интерес од Милан и Интер, додека сигурно дека и Умтити лесно ќе најде нов клуб.