Connect with us

Фудбал

Меси го освои 46. трофеј во кариерата, со два одлични гола му донесе нов пехар на Интер (ВИДЕО)

Лионел Меси постигна два одлични гола, а Луис Суарез исто така се запиша во листата на стрелците додека Интер Мајами го победи Колумбус Кру со 3-2 за да ja освои МЛС супортерс Шилд, кој се доделува секоја година на најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.

Овој трофеј ја претставува втората титула во кратката историја на Интер Мајами по Лига купот освоен во 2023 година, неколку недели по доаѓањето на Лео Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

За Меси ова е 46. трофеј во кариерата, а дополнително се зацврсти на листата на најодликувани фудбалери на сите времиња пред Дани Алвеш со 43, а за Меси тоа беше петти натпревар со два гола во МЛС сезоната. , кој сега има 17 гола на 17 првенствени натпревари оваа сезона и дури 15 асистенции.