Connect with us

Фудбал

Меси и Суарез во одлична форма. По гол и асистенција за четврт-финалето на Купот на шампионите

Интер Мајами се пласираше во полуфиналето на Купот на шампионите во КОНКАКАФ со вкупна победа над Нешвил со 5-3, а Лионел Меси и Луис Суарез ги продолжуваат своите убиствени настапи во новата сезона.

По ремито 2:2 во првиот осминафинален натпревар од Купот на шампионите на Северна и Централна Америка, Интер Мајами во вториот натпревар победи со 3:1. Суарез ги доведе гостите во водство во осмата минута по асистенција на Меси, Аргентинецот се надоврза во 23. додавањето на Роберт Тејлор од Суарез во 63. го доведе Интер до недостижно водство, кое само го намали Сем Сариџ во судиското надополнување.

Тоа беше петти гол за Меси во пет настапи оваа сезона, заедно со две асистенции, а за Суарез четврти гол и петта асистенција во шест натпревари. Покрај пласманот во четвртфиналето на Купот на шампионите, Интер води и во Источната конференција на МЛС, иако со натпревар повеќе од четири клуба со ист број бодови (7).