Connect with us

Фудбал

Меси не е единствениот кој сака да го раскине договорот со Барселона

Разочараниот Лионел Меси пред неколку дена објави во Барселона дека сака да го напушти клубот. Тој покажа колку е сериозен денес во таа намера кога не се појави на првиот предсезонски тренинг.

Меси смета дека има право да го раскине договорот и да стане слободен агент, но Барселона засега стои на своето – тоа не е можно.

Сепак, Меси не е единствениот кој сака да го раскине договорот со Барселона.

И Артуро Видал стапи во преговори со Барселона со надеж дека може да „извлече“ од договорот што важи до летото 2021 година.

loading...

Чилеанецот секако не е дел од плановите на новиот тренер Роналд Куман, а „Скај Спорт Италија“ денес пишува дека официјално влегол во преговори со цел да успее да го раскине договорот.

Засега се верува дека Видал би бил најблизок до Интер доколку ја напушти Барселона. Тој би се обединил со тренерот Конте на „Меаца“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com