Connect with us

Фудбал

Меси: Ништо повеќе нема да биде исто!

Лионел Меси вели дека пандемијата донела многу лоши и негативни работи и дека најтешкото ќе биде да се прифати загубата на животите.

-Пандемијата не изненади сите, а комплетната ситуација влијаеше на повеќе начини на сите нас. Кризата донесе многу лоши  и негативни работи, но ништо не може да се мери со загубата на човечките животи, вели Меси, па продолжи:

-Никој не знае како ќе изгледа светот после ова што се случи. Фудбалот, како и животот, повеќе нема да бидат исти, изјави Меси.

Фудбалот во Шпанија се очекува да се врати на 11 јуни. Барселона е лидер на табелата со два бода повеќе од Реал Мадрид.