Фудбал
Меси носи победи на ПСЖ, гол со кој го надмина Кристијано Роналдо (ВИДЕО)
ПСЖ славеше во дербито во Франција на гостувањето кај Лион со 0:1. Единствениот гол беше дело на Лионел Меси во 5-тата минута по одличната акција со Нејмар. Секако со 22 бодови ПСЖ е лидер на табелата, додека Лион со овој пораз падна на шестото место.
Интересно е тоа што со овој гол Меси стигна до бројката 672 погодоци во кариерата, не сметајќи ги головите од пенал. Сега Аргентинецот има еден гол повеќе од Кристијано Роналдо.
Standings provided by SofaScore