Connect with us

Фудбал

Меси по осми пат ја крева Златната топка!

Лионел Меси по осми пат во кариерата ќе ја освои Златната топка. 36-годишната аргентинска фудбалска ѕвезда вчера беше информирана од магазинот „Франс фудбал“, кој ја доделува најголемата индивидуална награда во најпопуларниот спорт.

Бомбастичната вест ја откри блискиот семеен пријател на Меси – Алесандро Досети, кој со години е дел од опкружувањето на напаѓачот и дури во последните месеци живее во Мајами за да биде близок со Аргентинецот.

„Официјално! Лео ја освои Златната топка за 2023 година. Осмата Златна топка е секако негов посед. Денеска му ја соопштија веста“, напиша Досети во приказна објавена на неговиот Инстаграм профил.

„Франс фудбал“ на почетокот на септември ги објави имињата на 30-те номинирани за „Златната топка“. Официјалната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи на 30 октомври во Theatre du Chatelet во Париз.

Осмата награда „Златна топка“ на Меси ќе биде признание за неговата титула на Светското првенство 2022. Тој исто така беше прогласен за најдобар играч на турнирот во тоа време.