Меси по шести пат ја освои најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“

Наградата за најдобар голман во сезоната 2018/2019 година ја доби бразилскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Алисон Бекер, а наградата за најдобар млад фудбалер заврши во рацете на холандскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Матијас де Лихт.

Капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси, по шести пат ја освои најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет – „Златната топка“ на Франс Фудбал.