Connect with us

Фудбал

Меси се огласи за скандалот во Париз (ФОТО)

Скандалозен меч на Олимписките игри во Париз, помеѓу Аргентина и Мароко кој заврши со победа на Мароканците од 2:1. Аргентинците израмнија против Мароко со гол во 90+16. минута. Навивачите на Мароко влетаа на теренот, судијата Ниберг од Шведска досуди нешто, но тоа не беше крај туку прекин. Фудбалерите на Аргентина побегнаа во соблекувалната, а потоа скандалот доби епски размери бидејќи судијата со помош на ВАР собата го прифати барањето на Мароко голот да биде поништен поради офсајд.

По речиси два часа, Ниберг ги врати играчите на теренот, се доигра три минути и натпреварот конечно беше регистриран со победа на Мароко од 2:1. Се на се, првата средба на Олимписките игри во Париз траеше четири часа.

Меси со само еден збор се огласи на социјалните мрежи. Тој напиша: Невообичаено!