Фудбал
Меси: Важен ден за Аргентина
Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси со три постигнати погодоци ноќеска беше најзаслужниот за победата над Еквадор која ги однесе „гаучосите“ на СП 2018.
Меси истакна дека успехот е на целиот тим и дека заслужено е учеството на Мундилаот.
– Важен ден за Аргентина. Овој тим целосно заслужи да игра на Светското првенство во Русија. Важно беше да се обединиме околу заедничката цел и сите заедно, рака под рака, да ја исполниме. Давам се од себе во секој натпревар. Таков силен тимот како Аргентина не може да не успее да се квалификува, рече Меси.