Connect with us

Фудбал

Месут Озил ја завршува кариерата?!

Германскиот напаѓач би можел да ги закачи копачките на 34 години.

Според турските медиуми, Месут Озил ја завршува кариерата, а официјалната потврда треба да пристигне во текот на наредните денови.

Месут Озил моментално игра за турскиот Башакшехир, за кој одигра само 142 минути од доаѓањето во јули 2022 година.

Тој не беше на тренинг во петокот, а се чини дека 45-те минути на теренот во поразот во четврток од Кајзериспор ќе му бидат последни фудбалски минути во кариерата, а германскиот напаѓач наводно веќе се простил од соиграчите.