Фудбал
Месут Озил му ветил на Мурињо дека ке премине во Јунајтед како слободен играч.
Според El Confidencial, Месут Озил му ветил на тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, дека ќе премине на Олд Трафорд како слободен играч следната сезона.
Озил направи трансфер во Арсенал во 2013 година од Реал Мадрид за 50 милиони евра. Доколку Арсенал не го продаде во зимскиот преоден рок за некоја значително помала сума, ризикува да го изгубе Озил на слободен трансфер.
Арсенал исто така има голема веројатност да го изгуби и Санчез на слободен трансфер, со што Арсенал ќе остане без двајцата најдобри играчи.