Connect with us

Ракомет

Металург без Кузмановски против Чеховски Медведи

Македонскиот вицепрвак по гостувањето во Украина и во оваа рунда од елитното натпреварување игра на теренот на противникот и Металург му гостува на шампионот на Русија, Чеховски Медведи.

По нерешениот резултат минатиот викенд против Мотор, Металург има нова шанса да освои бодови на гостувањата бидејќи Чеховски Медведи во првите четири рунди има забележано исто толку порази.

Проблем за тимот предводен од Александар Јовиќ е фактот дека повторно во составот нема да биде капитенот Филип Кузмановски кој се уште не ја санирал повредата.

Дополнителен мотив за постигнување на поволен резултат е и податокот дека Металург денеска во Русија го игра 100 натпревар во Лигата на шампионите.

Мечот почнува во 15 часот, а ќе го судат Норвежаните, Ларс Јорум и Хавард Клевен.