Connect with us

Ракомет

Металург на стартот од новата сезона од ЛШ гостува во Франција

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладне го игра првиот натпревар од новата сезона од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар гостуваат кај француската екипа Монпеље. Овие два тима и во ланското натпреварување беа во иста група, а Монпеље постигна две победи.

Металург и во оваа сезона ќе настапи со неколку нови и пред се млади ракометари, но целта на клубот останува иста – освојување што е можно повеќе бодови. Двете победи во СЕХА лигата се добредојдени за позитивна атмосфера пред денешниот дуел.

Натпреварот почнува во 17:30 часот. Металург за Монпеље замина во четвртокот, а вчера ракометарите го имаа и редовниот тренинг на теренот каде се игра натпреварот.

Двојки и резултати од 1.коло:

А група: Кристијанштад – ППД Загреб (сабота), Висла – Вардар, Нант – ПИК Сегед и Рајн Некар Ловен – Барселона (недела).

Б група: Мешков Брест – Киелце, Цеље – Веспрем, Флензбург – Алборг (сабота) и Кил – ПСЖ (недела).

Ц група: Скјерн – Динамо Букурешт и Горење – Адемар (недела). Кадетен Шафхаузен – Елверум 36:30.

Д група: Монпеље – Металург (сабота) и Бешикташ – Спортинг (недела). Мотор – Чеховски Медведи 36:23.