Connect with us

Ракомет

Металург потврди, трансфер „бомбата екплодира“ во Автокоманда

Најавите се остварија. Легендарното десно крило на Загреб и на хрватската репрезентација, Златко Хорват, потпиша едногодишен договор со Металург.

Златко Хорват (35) целата своја досегашна ракометна кариера ја мина во Загреб, со кој ги освои сите титули во првенството на Хрватска од 2002 до денес и сите титули во Купот на Хрватска од 2003 година до денес.

„ Прв избор ни беше Гоце Георгиевски, но, откако тој го одбра Вардар, бевме принудени да бараме друг играч. Златко Хорват изгледаше како најдобро решение и по кратки преговори успеавме да се договориме. Тој е среќен што доаѓа во Металург и мислам дека ќе биде идеално засилување за нашиот клуб, во кој тој ќе биде еден од лидерите на екипата. Ангажманот на Хорват се вклопи и во новото правило на РФМ во однос на бројот на странци, бидејќи е стандарден репрезентативец на земја која е во европскиот топ-15, вели претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Извор РК Металург