Connect with us

Други спортови

Миа Блажевска Еминова го собори државниот рекорд во пливање

Дванаесетгодишната, пливачката Миа Блажевска Еминова, членка на ПК БЕТА на меѓународниот пливачки митинг “1st STEP Open 2017” во Приштина постави нов државен рекорд на 50 метри грбно за постари пионери со време 33:85 секунди.

Миа предводена од тренерот Илија Стојановски успеа на два пати на овој меѓународен турнир, најпрво да го собори рекордот кој десеттина години го држеше Елена Матовска (34:75 секунди) со време 34.25 секунди, а потоа и да го подобри сопственото време 33:85 секунди.

Пливачкиот митинг “1st STEP Open 2017” се одржа во викендов Приштина на кој покрај домаќините учество земаа пливачи од Бугарија, Албанија и Македонија.