Connect with us

Фудбал

Михајловиќ повторно во болница, клучни моменти во борбата против леукемијата

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ покрај тешката болест ја водеше својата екипа од клупата, иако се лекува и прима терапија во болница.

Според пишувањата на „Кориере Ди Болоња“, Михајловиќ повторно се вратил во болница за клучниот дел од лекувањето. Се работи за третата фаза од хемотерапијата,.

Михајловиќ во два наврати беше во болница на хемотерапија, а сега следува уште еден циклус, за кој се тврди дека е најважен.

Тој би требало во болница да биде околу шест недели, поради што нема да може да ја предводи Болоња од лице место.