Connect with us

Фудбал

Милан дефинитивно повеќе не сака да го дели стадионот со Интер

Фудбалерите на Милан и Интер со децении играат домашни натпревари на Сан Сиро, но Росонерите повеќе не сакаат да делат ист стадион.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, градоначалникот на Милан, Џузепе Сала, потврдил дека Росонерите сакаат самите да изградат нов стадион надвор од Сан Сиро. По тој повод сопственикот на клубот Џери Кардинале се вратил во градот за да одржи средба со градоначалникот.

Росонерите сакаат да го изградат својот нов стадион во областа наречена Ла Маура, недалеку од Сан Сиро.

„Милан ја потврди својата желба да продолжи со проектот во Ла Маура“, изјави Џузепе Сала за новинарите, а пренесува Газета.

„Во рок од две недели треба да го претстават проектот, тоа е формален чекор за отворање на постапката“, додаде градоначалникот.

Интер и Милан првично се договорија за изградба на нов стадион во областа Сан Сиро, нова фудбалска арена која требаше да се вика „Катедрала“, но тоа очигледно веќе не е во плановите на Росонерите.