Connect with us

Фудбал

Милан ги договори личните услови, Аргентинец доаѓа во Милано

Како што пренесува „Калчомеркато“, Милан постигнал договор со играчот од средниот ред Матијас Сарачо, кој го носи дресот на Расинг Клуб.

Двата тима сега треба да ја утврдат цената на трансферот за 21-годишниот Аргентинец. Јужноамериканците вршат притисок за 25 милиони евра, но се склони кон преговори, додека „росонерите“ се подготвени да одвојат 15 милиони евра за да го привлечат талентираниот фудбалер.

Милан се обиде да го привлече играчот во зима, но тогаш клубовите не дојдоа до консензус.

Сарачо е офанзивен фудбалер од средниот ред, но може да игра на двете крила. Оваа сезона тој има 17 натпревари со 4 гола и 1 асистенција во нив.

За него се заинтересирани и шпански екипи, но претпочита да го носи „црвено-црниот“ дрес.