Connect with us

Фудбал

Милан го напушта „Сан Сиро“!

Фудбалскиот клуб Милан ќе го напушти култниот стадион „Сан Сиро“, ексклузивно пренесува италијанскиот спортски дневен весник „Газета дело спорт“.

 

Миланските клубови Интер и Милан требаше заедно да започнат со изградба на нов стадион и да го напуштат „Сан Сиро“, кој беше отворен во далечната 1926 година. Градските власти минатиот декември го одобрија проектот за изградба на нов стадион, но Росонерите се откажаа од него.

 

“Големата романса помеѓу Милан и Сан Сиро заврши. Ќе останат прекрасни спомени, но Милан се движи во друга насока без Интер. Клубот успеа да се врати на врвот на италијанскиот фудбал со освојувањето на титулата минатата година, а сопствениците сега сакаат да го вратат на врвот на Европа За тоа е потребен нов стадион и на кој ќе игра само Милан кој има јасна сопственичка структура и иднина, додека Интер е многу под знак прашалник.Милан сака да има свој стадион кој ќе му донесе приход во текот на целата година, што е клучно за финансиската стабилност“, пишува во „Газета“.

 

Милан моментално размислува каде да го изгради својот нов стадион, а има неколку опции.