Connect with us

Фудбал

Милан им нуди „прибежиште“ на отфрлените „кралеви“

Доколку сака да смени нешто на подобро, Милан секако ќе мора во јануарскиот преоден рок да купува. Тоа е секако намерата на раководството, но и тренерот Пиоли. „Росонерите“ веројатно ќе се откажат од ангажманот на Евертон Соареш, бидејќи Гремио бара многу пари.

Сепак, според пишувањата на италијанските медиуми, Милан покажува интерес за двоецот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор и Дијаз. Двајцата се млади играчи, кои сепак не можат да се наметнат кај Зинедин Зидан, но и конкуренцијата е голема.

Диаз летово од Сити пристигна во Мадрид за 9 милиони евра, но сезонава забележа само еден настап и помина само 9 минути на теренот.

Винисиус е нешто постандарден, но сепак не покажува доволен квалитет за стандарден првотимец. Милан, според информациите е подготвен да понуди јануарска позајмица, а потоа да се преговара за нивен трансфер.