Connect with us

Фудбал

Милан лош со резултати, катастрофален со финансии

Интер го објави финансискиот биланс за претходната фискална година и го усвои извештајот. „Нероаѕурите“ се пофалија дека имаат рекордни приходни, безмалку 500 милиони евра.

Но, во ист ден, својот финансиски биланс го објави и нивниот градски ривал Милан. За разлика од Интер, „книгите“ на Милан се многу лоши. Впрочем, како што пишуваат италијанските медиуми, најлоши во историјата.

Последниот годишен биланс вели дека во 2018/2019 Милан „застанал“ на минус од 146 милиони евра, со губитоци кои изнесуваат 155 милиони.

Станува збор за најлоша финансиска година на италијанскиот тим. Приходите се намалени за 6,1 отсто, односно изнесуваат 241 милион евра. Минатата година приходите биле 255 милиони.

Според италијанските медиуми, Милан преживува единствено благодарејќи на повремените финансиски инјекции на сопственикот, или поточно речено групацијата „Елиот“.

Покрај лошите бројки на финансиски и играчки план, директорот Иван Газидис е оптимист. Вели дека визијата на Елиот е Милан повторно да биде на врвот, а тоа како што вели не се прави преку ноќ, туку ќе бидат потребни неколку години.