Connect with us

Фудбал

Милан не се откажува, ќе пазари во Лондон

За да ги подобри резултатите Милан ќе мора да се засилува. Според италијанските медиуми, мета во јануарскиот преоден рок ќе биде фудбалерот на Арсенал Лукас Тореира.

Уругваецот во летото 2018 година пристигна во Лондон, како едно од првите засилувања на новиот тренер Унаи Емери, имаше сосема добра сезона, но оваа година падна во втор план.

Има само три меча од прва минута во Премиер лигата. Се зборува дека е незадоволен и дека сака да ја промени средината, а Милан гледа шанса во тоа.