Фудбал
Милан „падна“ во Торино (ВИДЕО)
Екипата на Милан загуби на гостувањето кај Торино со 2:1. Домашиот тим во првиот дел набрзина постигна два гола, во 35-та преку Џиџи и во 37-ма преку Миранчук. Милан на овој меч може слободно да се каже дека беше безопасен, речиси и да немаше 100 процентни шанси, а во вториот дел една катастрофална грешка и недоразбирање на голманот и дефанзивецот на Торино, постигнаа гол преку Месијас за 2:1. Ова може да се каже дека е се што сторија гостинските играчи или актуелниот шампион. Иако имаше иницијатива сепак нивните напади не беа премногу опасни по голот на домаќините. Милан останува трет со 26 бодови, додека Торино се искачи на деветата позиција со 17 бодови.
Standings provided by Sofascore