Connect with us

Фудбал

Милан стави тројца на трансфер листата

Милан е подготвен да се раздели со тројца свои играчи, а доказ за тоа е што не беа вклучени во групата за претсезонскиот тренинг на Росонерите.

Станува збор за напаѓачите Дивок Ориги и Анте Ребиќ, како и за левиот бек Фоде Бало-Туре. Тројцата сигурно ќе бидат продадени откако не се дел од плановите на Стефано Пиоли за новата сезона, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Анте Ребиќ минатата сезона го загуби стартното место во изборот на Милан, но сепак учествуваше на 30 натпревари, на кои постигна три гола. Слична е ситуацијата и со Ориги, тој беше доведен во 2022 година да биде напаѓач од втора опција. Белгиецот постигна два гола на 36 натпревари за Росонерите.

Фоде Бало Туре никогаш не можеше да се наметне во составот на Милан, бидејќи минатата сезона учествуваше на само 14 натпревари во сите натпреварувања, од кои повеќето влезе од клупата за резерви.