Фудбал
Милан трепери за Жиру во пресрет на миланското дерби
Оливие Жиру се повлече од селекцијата на Франција откако заработи повреда на зглобот и Милан е загрижен дека можеби нема да биде достапен за претстојното дерби со Интер.
36-годишниот напаѓач беше принуден да го напушти теренот во 26. минута од европскиот квалификациски натпревар против Ирска.
Жиру веќе ја напушти репрезентацијата на Франција за да се врати во Милан, каде неговата состојба внимателно ќе се следи додека работи на неговото закрепнување.
Милан е сериозно загрижен дека Жиру може да биде принуден на Дерби дела Мадонина со Интер на 16 септември.
Стефано Пиоли почнува да крои план Б доколку французинот недостасува, а се чини дека има две опции: Лука Јовиќ или Ноа Окафор. И двајцата моментално се со своите репрезентации.