Connect with us

Фудбал

Милан во обид да го „украде“ Ракитиќ на Интер

Интер веќе подолго време се обидува да го донесе 31-годишниот играч за врска на Барселона Иван Ракитиќ. Според последните информации директорот Бепе Марота контактирал со Барселона, која во зделката побарала да биде вклучен Стефано Сенси, кој игра одлично сезонава.

Но, нов проблем за Интер е нивниот градски ривал. Како што објавија дел од италијанските медиуми Милан веќе стапил во контакт со агентот на Иван Ракитиќ. „Росонерите“ имаат очајни резултати во досегашниот тек од сезоната и секако им се потребни засилувања. Раководството е убедено дека Ракитиќ го има она што им недостасува, а тоа е искуството и победничкиот менталитет.

Дали Милан ќе успее да го „украде“ хрватскиот интернационалец на Интер останува да се види.