Connect with us

Фудбал

Миленикот на Јурген Клоп: Да, пијам алкохол, па Шкотланѓанец сум!

Ливерпул оваа сезона ита кон титулата шампион н на Англија, која ја чека практично три децении. Едно од откритијата на оваа генерација на тимот сигурно е левиот бек Енди Робертсон. Тој во едно интервју откри дека сака да пие, но сепак додава не во текот на сезоната.

-Кога сте фудбалер, тогаш се интересирате за фудбалот, целиот свој живот. Кариерите ни се кратки, никој не воли да заврши на третман кај докторите. Секогаш давам се од себе за да бидам подготвен да игра, вели Робердсон, притоа додава:

-Секогаш внимавам што јадам. Никогаш не пијам во текот на сезоната, но кога ќе заврши, не ме сфаќајте погрешно, сепак сум Шкотланѓанец, уживам во тие неколку недели, искрен е дефанзивецот на Ливерпул.