Connect with us

Фудбал

Милер вечерва го минува Чави и се приближува до првите тројца во ЛШ

Томас Милер е подготвен да оствари уште еден рекорд во неговата лична историја во фудбалот како еден од најдобрите во историјата. Изгледа неверојатно, но вечерва Германецот ќе го одигра 152. натпревар во Лигата на шампионите.

Ова е апсолутен рекорд како играч кој има настапувано само за еден клуб. 152 европски натпревари (само во Лигата на шампионите) е неверојатен рекорд за еден играч.

Во вкупниот пласман на играчи, Милер е на четвртото место, зад Роналдо, Касиљас и Лео Меси. Денеска Баерн му гостува на Динамо Загреб за да ја започне новата сезона во Лигата на шампионите.

Рекордот за најмногу натпревари во Лигата на шампионите за еден клуб го држеше Чави Ернандез, со вкупно 151 натпревар.