Фудбал
Милевски: Ако мислевме дека не можеме да ја победиме Грузија тука, воопшто немаше да дојдеме!
Македонската А репрезентација утре во 18:00 часот во Тбилиси го игра натпреварот од 5. коло во групата од Лига на нации против домашната Грузија.
На официјалната прес-конференција пред новинарите говореа селекторот Благоја Милевски порача дека во Тбилиси допатувале по победа и три бодови.
– Секогаш е важен тимот. Тој победува, а не индивидуалците. Се концентрираме на тоа како ќе функционираме тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против Италија и Португалија, но за жал се соочивме со многу проблеми во Лига на нации. Имавме многу повредени фудбалери и принудно менувавме иако тоа не беше план. Продолжуваме со таа транзиција, а ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Додека постојат и најмали шанси ние ќе се бориме, изјави селекторот Милевски, кој притоа додава:
– Никогаш не се навраќам на минатото, а нема ниту на мечот со Грузија во Скопје. Играат поразличен фудбал од порано, а дали се поквалитетни од нас, ќе покаже времето. Во фудбалот не победува секогаш подобриот. Ако мислиме дека не можеме да победиме тука, не би ни дошле. Овде сме дојдени да победиме.