Connect with us

Фудбал

Милевски: Овој резултат е неправеден, но јас сум задоволен од момците како одиграа

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација беше прашан на прес конференција по завршувањето на натпреварот дали е незадоволен од судијата.

„Тоа се емоции за време на натпреварот. Не би коментирал додека не ги погледнам дополнителни снимки“, рече Милевски.

Но дали тој е задоволен до почетокот, играта и крајот на натпреварот.

„Мислам дека Македонија беше далеку подобар противник. Покажа одлична игра, јас мислам дека овој резултат е неправеден, но јас сум задоволен од момците и играта. Мислам дека головите кои ги примивме беа по наша вина“, додаде Милевски.

Македонија вечерва прокоцка одлична шанса за победа против Исланд, иако водевме 2-0, на крајот од натпреварот се случи пресврти па ремизиравме. Следниот натпревар Македонија го игра на домашен терен на 8-ми септември на Денот на независноста во Скопје против репрезентацијата на Романија.