Connect with us

Фудбал

Милевски: Србија главен фаворит во групата, но и ние имаме квалитет

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Благоја Милевски, изјави дека Србија е главен фаворит за прво место во групата од квалификациите за Европското првенство во Полска.

– Не очекува натпревар со, според мене, најголемиот фаворит за пласман на ЕП. Системот на игра на Србија во однос на минатото Европското првенство не е сменет. Има неколку играчи од тој состав кои се уште се дел од тимот. Тука се Јовановиќ, Грујиќ и Гајиќ, но ќе видиме со каков состав ќе настапат против нас. Македонија покажа квалитет во изминатиот период, се надевам така ќе биде и против Србија, а потоа и против Гибралтар. Ѓорѓев и Елмас ќе ни бидат на располагање на првиот дуел, а потоа, ќе ги ослободиме поради обврски во А репрезентацијата. Првпат со нас е Душан Ѓорѓев, голман кој ни доаѓа од САД и настапува за Оклахома. Повикани се вкупно 22 фудбалери кои верувам максимално ќе одговорат на новиот предизвик кој ги очекува, изјави Милевски.

Дуелот со Србија е закажан за 6 октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека против Гибралтар е на 10 октомври во Фару. Двата меча се од квалификациите за ЕУРО 2019 во Италија.

На првиот натпревар избраниците на Милевски ја победија Ерменија во Ереван со 3:0.