Connect with us

Фудбал

Милион евра казна за Рамос за затајување на данок

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е казнет со еден милион евра за затајување данок. Како што објави шпанска „Марка“ даночната служба на Шпанија смета дека играчот го сокрил приходот добиен од продажба на права на имиџ. Претходно, Рамос веќе плати 500 илјади евра. Сега фудбалерот ја обжали одлуката без да се изјасни за виновен.