Connect with us

Кошарка

Милвоки го „прегази“ Њујорк

Убедлива победа изразена со 44 поени разлика забележа Милвоки против Њујорк ноќеска на домашен терен. Вообичаено, најзаслужен за триумфот на бакс беше Јанис Адетокунбо кој имаше дабл-дабл ефект, со 29 поени и 15 скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Шарлот – Феникс 104:109
Филаделфија – Јута 103:94
Атланта – Голден стејт 104:79
Мемфис – Индијана 104:117
Милвоки – Њујорк 132:88
Сакраменто – Чикаго 106:113.

Лос Анџелес лејкерс со биланс 17-3 (победи-порази) и Милвоки бакс со 18-3 се лидери на табелите во Западната, односно Источната конференција.