Connect with us

Ракомет

Минатата година ја освои Лигата на шампионите, а сега прогласи банкрот!

Норвешкиот женски ракометен клуб Вајперс Кристијансенд, кој од 2021 до 2023 година освои три последователни европски шампионски титули, прогласи банкрот. Европската ракометна федерација (ЕХФ) изрази денеска надеж дека ќе биде најдено најдоброто решение и за играчите и за останатите вработени во клубот.

ЕХФ треба да одлучи и како ќе продолжи во Лигата на шампионите оваа сезона, откако Вајперс го започна натпреварувањето во групата Б и ги одигра првите шест кола. Норвешкиот клуб во саботата на домашен терен триумфираше над Будуќност со 32-23 и по првите шест кола е петтопласиран во групата со пет бодови. Следното коло во Лигата на шампионите е закажано за 9 и 10 ноември.