Други спортови
Минесота создава тим за плеј-оф
Раководството на Минесота Тимбервулс е одлучно во новата сезона клубот да обезбеди место во плеј-офот на НБА лигата, прв пат по 2004 година и затоа сака да го задржи својот најдобар играч Ендру Вигинс.
Медиумите во САД објавија дека Минесота му понудила на 22-годишниот Канаѓанец нов договор и се очекува до крајот на неделата тој да ја прифати понудата за петгодишна соработка и да добие 148 милиони долари.
Вигинс има феноменална сезона зад себе со просек од 23,6 поени по натпревар.
Пред почетокот на сезоната „Волците“ ги договорија и Џими Батлер, Џамал Крафорд, Тај Гибсон и Џеф Тиг.
Во текот на вчерашниот ден Минесота официјално го потврди и останувањето на Шабаз Мухамед.