Фудбал
Минимална победа на Милан над Тотенхем
Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Милан на домашен терен го победи Тотенхем со 1:0.
Победа како победа е голема работа за Милан. Особено што ова е прва победа во нокаут фазата од Лигата на шампионите по 10 години. По период на криза беа врзани два триумфа, и двата без примен гол, што секако може да ги задоволи Стефан Пиоли и Росонерите. Од друга страна, Тотенхем и понатаму останува фаворит, со оглед на тоа што реваншот се игра во Лондон, каде Спарс сигурно се способни да ја надополнат минималната негатива.
Од стартот се чинеше дека Милан и Стефано Пиоли имаат појасен план. Да се обиде во раната фаза да постигне гол и да продолжи да делува преку контранапад. И натпреварот се разви токму така.
Практично во првата сериозна акција Милан поведе. Тео Ернандез беше упорен и се избори за топка во дуелот со Ромеро, веднаш шутирајќи. Бен Фостер интервенираше, но само накратко ја одврати топката, на што налета Браим Диас и во вториот обид ја смести зад ветеранот во голот на Спарс.
Милан очекувано беше многу поопасен по левата страна каде оперираа Тео Ернандез и Рафаел Леао. Од друга страна, Тотенхем во првото полувреме буквално не понуди никаков соодветен одговор во нападот. Имаше само една голема шанса, кога Сон се проби сам пред Татарусану, топката дојде до Кејн кој ја погоди гредата. Но и да беше постигнат гол немаше да се признае, бидејќи Сон веќе беше во офсајд, но правилата се такви што целата акција е дозволена, па се чинеше дека гостите имаат шанса.
На полувремето Милан замина со минимална предност, а во останатото Тотенхем тргна нешто поагресивно. Први 15 минути беа едни од најдобрите на Тотенхем. „Спарси“ го стегнаа обрачот, но и Милан добро се бранеше и не му дозволи на тимот од Лондон вистинска шанса. Сепак, најголемите шанси ги имаше Милан во вториот дел.
Најпрвин во 78. минута Шарл де Кетелар штом влезе во игра можеше да слави. Жиру со глава му ја додаде топката, одлично ја одработи, но иако беше во шеснаесетникот шутираше многу слабо, а Милан извлече само корнер. По тој корнер, топката дојде до Рафаел Лаеао, кој одлично нафрли на втората статива, највисоко скокна Тијао, кој шутираше со глава само покрај стативата.
До крајот Тотенхем беше стерилен, Милан чека на контра. На крајот остана 1:0 и Милан има предност, но реваншот на стадионот на Тотенхем ќе донесе многу оган.