Connect with us

Фудбал

Мино Рајола го носи „чудото од дете“ во Манчестер Јунајтед?

Ерлинг Халанд, кој со 19 години, испиша историја во Лигата на шампионите откако стана прв играч кој постигнал шест голови во првите три натпревари, го привлече вниманието на големите европски клубови.

Тој во сите натпреварување во дресот на австриски Салцбург досега постигна 20 голови, а големите клубови „полудеа“ по него.

Според голем број на светски медиуми Манчестер Јунајтед е најблиску до негов ангажман. Првата причина е што негов менаџер е Мино Рајола, со кого „Црвените ѓаволи“ имаат одлична соработка. Втората е тоа што Оле Гунар Солскјаер своевремено како тренер на норвешкиот тим Молде работел со тинејџерот Ерлинг Халанд.

19-годишниот напаѓач има актуелен договор до 2023 година со Ред Бул Салцбург, а неговата пазарна вредност во моментов е проценета на 12 милиони евра.