Connect with us

Фудбал

Миовски фотографиран на аеродром, збогум Абердин, правец Шпанија (ФОТО)

Бојан Миовски е фотографиран утрово на аеродромот во Абердин, на пат за Шпанија. Се учекува во текот на денот да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Жирона. Како што веќе објавивме, тој следната сезона ќе игра за шпанскиот тим, кој за услугите на македонскиот репрезентативец на шкотскиотт им ќе му плати околу 8 милиони евра. Се очекува Миовски да потпише четиригодишен договор со Жирона.