Connect with us

Фудбал

Миралем Пјаниќ вечерва пристигнува во Барселона

Миралем Пјаниќ успешно се опорави од коронавирусот и наскоро ќе и се приклучи на Барселона во подготовките за новата сезона.

Пјаниќ требаше да отпатува за Барселона пред неколку недели, но на тестирање пред да замине, откри дека е позитивен на коронавирус. Но, играчот за врска се опорави по 14 дена во изолација и е подготвен за нови предизвици.

Пред два дена тој потврди дека е негативен во тестирањето, и сега конечно може да отпатува за Барселона.

Мундо Депортиво денес објави дека Пјаниќ вечерва ќе пристигне во овој град. Утре треба повторно да биде тестиран, а викендов се очекува да тренира во каталонскиот клуб.

Исто така, Пјаниќ треба да биде официјално претставен на „Камп Ноу“ на почетокот на следната недела како ново засилување за Барселона.