Connect with us

Фудбал

Мирно се спие во Ливерпул, Барселона се сврти кон играчот на Баерн Минхен

Барселона би можела да се сврти кон повторно обединување со детето од Ла Масија и ѕвездата на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара, ако договорот со Ливерпул за Филип Кутињо не успее, објави Дон Балон.

Тиаго (26) направи трансфер во баварската екипа од Барселона во 2013 година за сума од 25 милиони евра.  Тој претставува, не само важен играч за гигантите од Бундеслигата, туку исто така стана еден од најдобрите играчи во средниот ред во светот. Дон Балон сугерира дека Каталонците го гледаат Тиаго како алтернатива на Кутињо и сеуште бараат заштитен знак од играч за Барса.