Connect with us

Ракомет

Митревски: Савехоф фаворит поради повредени играчи

Претпоследниот домашен натпревар во групата Ц на Лигата на шампионите ракометарите на Еурофарм Работник го играат в недела против Савехоф. Овој дуел е можност да се прекине серијата на неуспеси и да се израдува на вториот триумф.

Никола Митревски, кој беше прогласен за голман на месец октомври, вели дека Савехоф е фаворит, но само поради големиот број повредени играчи.

-Сметам дека Савехоф доаѓа со блага фаворитска улога. Причината не е што се поквалителни, туку тоа што ние сме преполни со повредени ракометари и тоа веќе подолг период. Имаме многу рековалесценти, незаздравени ракометари, како на натпреварите, така и на тренинзите. Се забележува дефицитот во одбраната, немаме ротација и на тоа се должат убедливите 2-3 порази минатиот месец. Нема да се предадеме, ќе излеземе да се бориме за секоја топка, да дадеме свој максимум и конечно пак да ја израдуваме битолската публика, вели Митревски.

Натпреварот Еурофарм Работник – Савехоф се игра в недела од 17:00 часот.