Connect with us

Фудбал

Митровиќ призна дека повеќе нема да игра за Фулам

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ им признал на блиските пријатели дека веќе го одиграл последниот натпревар за Фулам, пренесува Sky Sports.

Саудискиот Ал Хилал испрати огромна понуда за плата за Митрогол, а клубот е подготвен да им плати на „Котаџерите“ 52 милиони фунти за најдобриот стрелец на клубот.

Првата понуда на Ал Хилал за српскиот интернационалец беше вредна 25,5 милиони фунти, но таа беше одбиена од Фулам. Лондончани на Митровиќ му ставија цена од 52 милиони фунти, што исто така не е проблем за саудискиот клуб кој по секоја цена сака да го привлече Србинот.

Александар Митровиќ го увери раководството на Фулам дека со добра понуда сака да биде продаден во Саудиска Арабија каде ќе заработува 17 милиони годишно.