Connect with us

Фудбал

Митровиќ си заминува од саудискиот клуб, а не ни дебитираше?

Александар Митровиќ (28) минатата недела замина од Фулам во Саудиска Ал Хилал за 50 милиони евра. Ал Хилал летово донесе уште неколку ѕвезди. Станува збор за Рубен Невес од Вулверхемптон, Калиду Кулибали од Челзи, Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Нејмар од ПСЖ.

Ал Хилал нема намера тука да застане бидејќи негова следна цел е Ромелу Лукаку (30) од Челзи, кој се уште не може да најде нов клуб. Белгискиот напаѓач е отпишан од менаџерот Маурисио Покетино, а Саудијците би сакале да го доведат. Лукаку моментално сака да премине во Јувентус, но италијанскиот клуб се уште не испратил понуда до Сините.

Тоа би можело да биде лоша вест за Митровиќ. Имено, talkSPORT пишува дека во случај на доаѓање на Лукаку во Ал Хилал, Митровиќ би можел да биде префрлен во друг саудиски клуб. Ал Хилал на тој начин би го пуштил Митровиќ во Ал Шабаб или Ал Етифак за да направи простор за Лукаку. Во тој случај Митровиќ би го напуштил Ал Хилал уште пред официјалното деби.

Српскиот напаѓач, кој минатата сезона постигна 14 гола во Премиер лигата и му помогна на новоформираниот прволигаш да дојде до одличното десетто место, во Саудиска Арабија ќе заработува 25 милиони евра годишно, а потпиша договор до 2026 година. Минатата сезона, тој речиси сигурно ќе постигнеше повеќе голови доколку не беше суспендиран на осум кола поради туркање на судијата.

Митровиќ е пет години во Фулам и во Крејвен Котиџ има статус на легенда на која навивачите и пееле песни. Претходната сезона тој постигна 43 гола во првенството и со тоа постави рекорд во Чемпионшип. Вкупно за Фулам во пет сезони постигна 111 гола, а за Србија постигна 52 и е најдобар стрелец во историјата на таа репрезентација.