Connect with us

Кошарка

Младата НБА ѕвезда со емотивен гест за Коби но и сите жртви во несреќата

Емоциите беа видливи на НБА мечевите одиграни вечерта понеделник према вторник. Се уште владее шок и неверување од трагедијата во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка, како и седум други лица.

Младата НБА ѕвезда Лука Дончиќ кој руши рекорди оваа сезона и поставува нови граници во овој спорт, одлучи мечот против Оклахома да го одигра во патики на кои беа испишани имињата со жртвите во несреќата, не само на Коби и неговата ќерка, туку и на сите девет жртви.

Тој повторно одигра уште еден одличен меч и ги предводеше Маверикс до уште една победа со 29 поени и 11 скокови.

Далас пред еден ден одлучи да го повлече дресот со број 24 во чест на Коби Брајант.

НБА Резултати:

Кливленд – Детроит 115:100

Мајами – Орландо 113: 92

Далас – Оклахома 107:97

Чикаго – Сан Антонио 110:109

Сакраменто – Минесота 133:129 (по продолженија)

Хјустон – Јута 126:117