Connect with us

Фудбал

Младиот играч на Барселона, Пау Кубарси, во Белград заработи десет конци на лицето, најверојатно и трајна лузна (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Барселона Пау Кубарси заработи несреќна повреда на натпреварот против Звезда во Белград. Иако Барса победи со 5:2, повредата на дефанзивецот Кубарси ги загрижи навивачите на Блауграна.

Имено, по еден дуел во 67. минута, капитенот на Црвена звезда Урош Спајиќ ненамерно го удри во лицето 17-годишниот стопер, кој се здоби со расекотина и остана да лежи со крваво лице.


Младиот дефанзивец не можеше да ја продолжи играта, а Барселона по натпреварот на социјалните мрежи објави фотографија од повредениот Кубарси, откривајќи дека младиот играч завршил со десет конци на лицето и веројатно трајна лузна. По четири кола Барселона има девет бода и е на пат да се најде меѓу осумте најдобри екипи кои директно ќе обезбедат пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.